СЕГ Холдинг консултантска куќа
СЕГ Холдинг е консултантска куќа активна во Македонија, Косово, Албанија, Црна Гора и останатите земји од регионот. СЕГ Холдинг создаде нов модел на „направени по мерка“ консултантски услуги преку посредување меѓу клиентите и најдобрите консултанти, постојано обезбедувајќи административна поддршка. Нашите проекти обезбедуваат квалитет во сите области, одржливост, постојано подобрување на постигнувањата и подобрување на организацијата. Во сите наши напори ние се грижиме за луѓето и околината во која што работиме.
За кого е наменето работното место?
Млади, мотивирани и амбициозни луѓе, со тековно или завршено високо образование, кои имаат одлично, практично, усно, пишано познавање на англискиот јазик потврдено со резултати од ТОЕФЛ или ИЕЛТС. Потребно е одлично познавање на Word и Excel како и основни вештини за истражување и storytelling. Познавање на други јазици и поседување возачка дозвола за Б-категорија е пожелно. Ако сте организирани, систематични, флексибилни, плус имате добри комуникациски вештини, позитивни сте, добро работите во тим и спремни сте да учите под притисок и да патувате низ земјата, ние би сакале да ви дадеме можност да го докажете својот потенцијал. По завршување на ангажманот со одредено работно време, имате можност за вработување со делумно или полно работно време.
Опис на задачи
- Анализа, систематизација и обработка на податоци поврзани со повици за финансирање од Европска Унија, УСАИД и други донатори;
- Анализа на пристап на конкуренти и анализа на нови пазари;
- Поддршка при подготовка на пријави на повици на донатори за мобилизација на фондови;
- Поддршка во спроведување на истражувања и развој на нови услуги;
- Административна и логистичка поддршка за спроведување истражувања и организирање настани;
- Поддршка во промоција и продажба на советодавни услуги за подготовка на проекти.
Што ќе добие вработениот:
- Менторство при анализа, систематизација, изработка на пријави (концепти, апликации) и спроведување истражувања итн.;
- Можност за бесплатно учество на обуки за мобилизација на фондови, спроведување проекти, итн;
- Пренесување на знаење од страна на нашите консултанти;
- Професионална и пријатна работна атмосфера, во самиот центар на Скопје.
Времетрање на ангажманот:
6 месеци со можност за продолжување
Како да аплицирам?
Испратете го своето CV (со телефонски контакт), кратко писмо за изразување интерес и задолжително скенирани потврди од тестовите на англиски јазик не постари од 3 години, на следната адреса: contact@seg-holding.com, со назнака „Пријава за соработник за развој на бизниси“, најдоцна до 01 март 2021 г., до 23:59 часот. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.