Тимот на нашата компанија, заедно со надворешните консултанти, поседува огромно искуство во создавање на модули и обезбедување на обуки. Обуките се специфично дефинирани за секој клиент, во области како дефинирање на визија и мисија, стратегија, менаџирање на проектен циклус, општ и финансиски менаџмент, мобилизација на фондови, подготовка на пријави за повици, тим билдинг, менаџмент на човечки ресурси, фасилитирање на партнерствата од крос-сектор и следење на политики итн.

Пристапот на сите обучувачи е направен “по мерка”. Секоја обука е различна од претхoдната, со вметнување на ново и современо знаење и пристапи. На овој начин, учесниците во обуките можат да добијат насоки за независно стекнување на знаење кое тие подоцна ќе го имплементираат во своите организации или во нивниот приватен живот.