СЕГ Холдинг, покрај внатрешната експертиза која ја поседува, соработува и со надворешни консултанти. Сите консултанти имаат искуство и референци за нивното работење во одреден сектор.Сите мора да поседуваат практично искуство во некоја одредена индустрија. Тие се посветени, трудољубиви и прилагодливи. И токму затоа нашите клиенти сакаат да работат со нас (и со нив) повторно.
СЕГ Холдинг работи со претпријатија, граѓански организации, државни и локални самоуправи, неформални иницијативи. Имаме доставено преку 100 проекти во областа на мобилизација на фондови, менаџмент, стратешко советување, доставување на обуки, истражувања како и фасилитирање.
„Луѓе кои се држат до својот збор, кои поседуваат огромно знаење од консултантскиот бизнис и поседуваат иновативен бизнис модул. Јас, како консултант, можам да аплицирам за одредена работа или тие ќе ме побараат, со претходно дефинирани обврски и права. Покрај тоа, тие обезбедуваат константна поддршка во комуникацијата со клиентите кои добиваат комплетна услуга и бараат повторна соработка. Затоа сум горд што сум дел од тимот на СЕГ Холдинг.“
Доколку сакате да работите со нас, треба да поседувате квалитет, да бидете посветени на задачата, да му бидете достапни на клиентот во било кое време и да бидете искрени со сите вклучени страни. Од друга страна, вие ќе ја задржите вашата независност и ќе добиете целосна административна и стратешка поддршка за доставување на услугите. Со СЕГ Холдинг ќе добиете можност да бидете дел од модерен, мултикултурен тим со висок интегритет и квалитет.