Глигор Михаиловски, Извршен директор на СЕГ Холдинг и клучниот експерт, проф. д-р Дарко Лазаров, остварија работна средба со претставниците на Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија. Состанокот се одвиваше во просториите на Агенцијата, а се дискутираа предизвици и можности за претприемништвото со цел подобра промоција и зголемен развој на извозот во земјата. Оваа работна средба е дел од подготовката на ,,Стратегија за промоција на извозот во земјата 2022-2026”, за Министерството за економија.
СЕГ Холдинг и Агенција за поддршка на претприемништвото на Р.С.Македонија на работен состанок
