Veze Sharri

Сег Холдинг е консултантска фирма, која има долгогодишно искуство во изработка на стратегии, истражувања и анализи. Во тек е изработката на ,,Стратегијата за промоција на извозот во земјата 2022-2026” за Министерството за економија.  

Извршниот директор, Глигор Михаиловски со клучниот експерт, Дарко Лазаров, остварија видео средба со Абдулезел Догани, директор  на компанијата Везе Шари. Примарната дејност на Везе Шари е производство на јајца и подготовка на месни производи, која е и извозно ориентирана. На состанокот се дискутираа проблемите и предизвиците со кои се соочуваат извозните компании.

Post A Comment