повик за пракса

За кого е наменета праксата?
Млади, мотивирани и амбициозни луѓе, со завршено високо образование, кои имаат одлично, практично, усно, пишано познавање на англискиот јазик потврдено со резултати од ТОЕФЛ или ИЕЛТС. Потребно е одлично познавање на Word и Excel како и основни вештини за истражување и storytelling. Познавање на други јазици и поседување возачка дозвола за Б-категорија е задолжително. Ако сте организирани, систематични, флексибилни, плус имате добри комуникациски вештини, позитивни сте, добро работите во тим и спремни сте да учите под притисок и да патувате низ земјата, ние би сакале да ви дадеме можност да го докажете својот потенцијал преку пракса (обука низ работа). По завршување на праксата, имате можност за вработување со делумно или полно работно време.

Опис на задачи
– Анализа, систематизација и обработка на податоци поврзани со повици за финансирање од Европска Унија, УСАИД и други донатори;

– Анализа на пристап на конкуренти и анализа на нови пазари;
– Поддршка при подготовка на пријави на повици на донатори за мобилизација на фондови;

– Поддршка во спроведување на истражувања и развој на нови услуги;

– Административна и логистичка поддршка за спроведување истражувања и организирање настани;
– Поддршка во промоција и продажба на советодавни услуги за подготовка на проекти.

СЕГ Холдинг има дефинирано правилник/програма за пракса-обука низ работа, вклучувајќи и воведни инструкции и постојано менторство. Повеќе информации за СЕГ Холдинг има на: www.seg- holding.com

Што ќе добие практикантот:
– Менторство при анализа, систематизација, изработка на пријави (концепти, апликации) и спроведување истражувања итн.;
– Можност за бесплатно учество на обуки за мобилизација на фондови, спроведување проекти и слично;
– Пренесување на знаење од страна на нашите консултанти;
– Покриени трошоци за превоз и храна за времетраење на праксата;
– Професионална и пријатна работна атмосфера, во самиот центар на Скопје.

Времетрање на праксата:
До 3.5 месеци започнувајќи од 15-ти мај до 31-ви август 2018 година.
Како да аплицирам?
Испратете го своето CV (со телефонски контакт), кратко писмо за изразување интерес и задолжително скенирани потврди од тестовите на англиски јазик не постари од 3 години, на следната адреса: contact@seg-holding.com, со назнака „Пријава за пракса – соработник за проекти“, најдоцна до 9-ти мај 2018 г., до 23:59 часот. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.