оглас за вработување (1)

Консултантската куќа СЕГ Холдинг, за потребите на проект финансиран од Европската Унија за прекугранична соработка Македонија – Албанија со наслов “Заштита на екосистемот во прекуграничниот регион Охрид-Преспа” за период од 1 август 2018 до 31 декември 2019 година, објавува оглас за:
Работна позиција:

Проектен асистент
Локација: Скопје со повремени патувања во пограничниот регион меѓу Македонија и Албанија (регион Охрид-Преспа)

Времетраење на ангажманот: определено на 18 месеци, со можност за продолжување (полно работно време)

Клучни работни обврски:
– Управува со административното и канцелариското работење на СЕГ Холдинг за потребите на проектот;
– Управува со архивата и архивското работење на организацијата на СЕГ Холдинг за потребите на проектот
– Обезбедува логистичко – техничка поддршка на извршната канцеларија и менаџментот на СЕГ Холдинг;
–  Подготвува повици / опис на надлежности за избор на надворешни добавувачи во согласност со правилата на ЕУ / домашните регулативи / интерни процедури на СЕГ Холдинг;
– Го планира и следи оперативниот буџет на СЕГ Холдинг за работење на Проектот;
– Подготвува наративни и финансиски извештаи за проектот, записници од активностите, листа на финансиски документи и др.
– Го следи напредокот на проектот согласно планот за набљудување и оценка на проектот;
– Планира, следи, спроведува, координира и извршува други задачи во врска со: канцелариски простор, опрема, инвентар, пошта и телекомуникации
– Врши други работи поврзани со спроведувањето на проектот: комуникација со проектните партнери, комуникација со засегнатите страни и целни групи, итн.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

– Високо образование;
– Работно искуство со проекти финансирани од ЕУ, најмалку 2 години;
– Солидно познавање на Microsoft Office апликации (Word, Excel, Outlook, Power Point);
– Одлично познавање на англискиот и македонскиот јазик, усна и писмена комуникација;
– Одлични организациски вештини (организација на работа, настани и сл.).

Секој заинтересиран треба да поднесе:

1. Потврда за завршено високо образование;
2. Кратка биографија на македонски или англиски јазик;
3. Потврда за познавање англиски јазик. Предност ќе имаат кандидати со познавање на локални јазици;
4. Писмо за интерес со наведување на детали од претходни работните обврски по позиции;
5. Референци од претходни работни места.

Вашите документи потребно е да ги испратите на следната електронска адреса: contact@seg-holding.comдо 13.07.2018 (петок) година до 23:59 часот, со наслов “Апликација за Проектен асистент“. Само кандидатите/ките кои ги исполнуват критериумите ќе бидат повикани на интервју.

Post A Comment