Сег Холдинг изработува ,,Стратегија за развој на зеленило на општина Охрид” за период од 10 години, која воедно е и прва од ваков вид на национално ниво.

Со цел изработка на квалитетна и сеопфатна Стратегија, на ден 15.02.2023г. се одржа работна средба во општината со претставници од Секторот за урбанизам и Секторот за животна средина, на кој се презентираше Планот на активности. Истиот ден, се спроведе Панел дискусија за проблемите и предизвиците со урбаното зеленило на која присуствуваа претставници од општината и граѓански организации. На настанот се разви плодна дискусијата, преку која се даваа и предлози за локации и развој на урбаното зеленилото, како и нејзино ефикасно одржување.

Во тек е испитувањето на јавното мислење и ставови преку анкетни прашалници, наменети за граѓаните и деловните субјекти за развој на зеленилото на подрачјето на општина Охрид.