272965756 1055667501683606 2708216732665633663 N

Првата активност од подготовката на ,,Стратегија за промоција на извозот 2022-2026″ за Министерството за економија, започна со квалитативно истражување. Во рамките на ова истражување се спроведе интервју со директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, г. Беким Емини. Целта на истражувањето е да се направи анализа на развој на извозот и да се предложат нови мерки за негово унапредување. Работната средба се одржа во просториите на Агенцијата, на која присуствуваше Извршниот директор на Сег Холдинг, Глигор Михаиловски со клучниот експерт проф. д-р Дарко Лазаров.

Post A Comment