оглас за вработување

Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) на 24.04.2017 година објави Јавен повик бр. 02/2017 за доставувања на барања за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020.

Заинтересираните физички правни лица од  Република Македонија може да достават барања за користење на средства од ИПАРД програмата 2014-2020 за:

1.       Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства – до 1,5 мил. Евра грант (60-70% од вкупна прифатлива инвестиција);

2.       Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи – до 4,5 мил. Евра грант (50%  од вкупна прифатлива инвестиција);

3.       Диверзификација на фармите и развој на бизниси – до 1 мил. Евра грант (65% од вкупна прифатлива инвестиција).

Во рамките на мерката за диверзификација на фармите и развој на бизниси, предвидена е поддршка за алтернативно земјоделско производство, производство на прехрамбени производи и пијалоци, производство на непрехрамбени производи, инвестиции во занаетчиски дејности, услуги во земјоделството, услуги за руралното население, инвестиции во рурален туризам и производство и продажба на енергија од обновливи извори.

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 23 јуни 2017 година.

Подетални информации на:

071/389-230