Мобилизација на фондови

Онаму каде е потребно да се генерираат финансиски средства за остварување на проектни идеи, СЕГ Холдинг се вклучува. Со своето знаење за проектите финансирани од ЕУ, останати меѓународни и билатерални донатори, СЕГ Холдинг осигурува развој на цел проектен предлог или негово унапредување. На тој начин, даваме поддршка при аплицирање за грантови или услуги во рамките на ЕУ.

Стратешко планирање

СЕГ Холдинг и неговите консултанти имаат долгогодишно искуство во развој на стратегии, планови преку партиципативен пристап. Онаму каде организацијата има утврдено потреба од стратешко планирање или ревизија на стратешките цели, СЕГ Холдинг организира точно утврден процес за носење стратешки насоки кои за цел имаат оддржливост на организацијата.

Обуки и консултации

СЕГ Холдинг испорачува различни типови обуки и консултации за потребите на приватниот, граѓанскиот сектор но и за јавната администрација. СЕГ Холдинг се вклучува посебно во областите како: стратешко управување, подготовка и спроведување проекти, проектен и финансиски менаџмент, истражување базирано на застапување, и многу други. 

Истражување и анализи

СЕГ Холдинг за потребите на своите клиенти испорачува најразлични истражувања и анализи кои ги следат задолжителните методолошки пристапи. Истражувањата, во согласност со барањата, вклучуваат квалитативни и квантитативни пристапи. Покрај тоа, СЕГ Холдинг реализира надворешни евалуација на проекти, на барање на клиентите.