Нашиот фокус е Балканот, каде сакаме да се етаблираме како силна консултантска куќа. Работиме најмногу во Македонија, Албанија, Косово но во соработка и со останати ентитети од регионот и ЕУ.
Работата со нас
Нашите клиенти ги вклучуваат бизнис секторот, граѓанскиот сектор, централната и локалната самоуправа, јавните претпријатија но и неформални иницијативи. Ние сме отворени за секој кој има потреба од поддршка во постигнување на целта за развој, а притоа се однесува одговорно спрема човечките ресурси и околината во која што работат.
Сите наши клиенти го ценат фактот што ние внимателно ги слушаме нивните потреби и токму поради тоа ние имаме голем број на консултанти кои ни се на располагање и работиме во многу различни сектори, многу лесно може да најдеме пристап “по мерка” со кој ќе ги задоволиме нивните потреби. Нашите клиенти го ценат нашиот прагматизам и нашата целосна посветеност во обезбедувањето вредност за нив.