Изработка на стратегија на Град Скопје со акциски план (2019 2021)

Најава за работилница (19 април 2019) со граѓанските организации за финално коментирање и усвојување на Стратегија за соработка на Град Скопје со граѓанските организации со Акционен план 2019-2021

Целта на Стратегијата е дефинирање ново стратешко планирање, претставено преку јасни приоритети и цели, конкретни мерки и активности, и изразен преку нов пристап и методологија во соработката со и финансирањето на организациите од граѓанскиот сектор.

Предлог Стратегијата предвидува постигнување на три (нацрт) стратешки цели:

  1. Спроведување на квалитетни развојни и иновативни проекти преку ко-финансирање на граѓанските организации и заедничко спроведување иницијативи;
  2. Зајакнување на комуникацијата и соработката на Град Скопје со граѓанските организации; и
  3. Унапредување на капацитетот на градската администрација за соработка со и финансирање на граѓанските организации.

Воедно, би сакале да Ве потсетиме да ни ги доставите своите забелешки, коментари, конструктивни критики, предлози и идеи за предлог – Стратегијата за соработка на Град Скопје со граѓанските организации со Акционен план (2019-2021), најдоцна до 18 април 2019 година, до 11 часот, на следнава е-маил адреса: contact@seg-holding.com.