повик за пракса

СЕГ Холдинг е растечка консултантска куќа активна во Македонија, Косово, Албанија, Црна Гора и останатите земји од регионот. СЕГ Холдинг создаде нов модел на “направени по мерка” консултантски услуги преку посредување меѓу клиентите и најдобрите консултанти, постојано обезбедувајќи административна поддршка. Нашите проекти обезбедуваат квалитет во сите области, одржливост, постојано подобрување на постигнувањата и подобрување на организацијата. Во сите наши напори ние се грижиме за луѓето и околината во која што работиме.

За кого е наменета праксата?
Млади, мотивирани и амбициозни луѓе со завршено високо образование кои имаат познавање од областа на администрација / односи со јавност / финансии, и кои се спремни да му помогнат на СЕГ Холдинг во својата работа. Бараме практикант кој е посветен и спремен напорно да работи, има до или пост дипломски студии од релеватното подрачје.

Предност ќе се даде на кандидат со практично искуство, кој одлично владее со англискиот јазик.

Опис на задачи
– Поддршка на Административниот и финансиски менаџер на СЕГ Холдинг во остварување на тековните работи;
– Креирање административни документи (барања, информации, потврди);
– Внесување на податоци во ексел табели;
– Поддршка на Проектните менаџери и асистенти во спроведување на актуелните проекти на СЕГ Холдинг;
– Логистичка поддршка при организацијата на јавните настани и обуки на СЕГ Холдинг;
– Други работи поврзани со финансиско и административно работење;
– Печатење, копирање, дисеминација, дистрибуција и превод на материјали;

СЕГ Холдинг има дефинирано правилник и програма за пракса, вклучувајќи и воведни инструкции и постојано менторство. Повеќе инфо за СЕГ Холдинг на: www.seg-holding.com

Што ќе добие практикантот:
– Работа во тим под менторство;
– Можност за бесплатно учество на обуки за професионално усовршување;
– Покриени трошоци за превоз и храна за времетраење на праксата;
– Професионална и пријатна работна атмосфера, во самиот центар на главниот град.

Времетрање на праксата:
До 3.5 месеци започнувајќи од 15 мај до 31 август 2018.

Како да аплицирам?
Испратете го своето CV (со телефонски контакт) и кратко писмо за интерес, како и потврда за       познавање англиски јазик, на следната е-маил адреса: contact@seg-holding.com, со назнака   „Апликација за пракса – соработник за административно финансиска“, најдоцна до 9-ти мај 2018, до 23:59 часот. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.