Што е општествена одговорност? Да се биде општествено одговорен значи дека луѓето и организациите мора да се однесуваат етички и со сензибилитет спрема општествените, културните и економските прашања како и прашањата поврзани со животната средина. Стремежот кон општествена одговорност им помага на индивидуалците, организациите и владите да направат позитивно влианије на развојот, бизнисот и општеството со позитивно остварување на крајните резултати. 

Развивање на нашата улога како граѓанин

Како фирма којa дава услуги на компании во Македонија, Косово и Албанија, водиме грижа за улогата која ја играме во инвестирање и развој на локалните заедници. А и како вработувач, исто тако внимаваме и на важноста за поставување на општествено одговорни внатрешни политики и цели

Општествени проблематики

Преку нашата консултантска експертиза и предлози, СЕГ Холдинг ќе може да создаде големо социјално влијание како и да направи позитивни промени. Дел од нашите клиенти постојано работат на проекти кои имаат големи позитивни промени врз секојдневието на луѓето. Ние исто така работиме и со владини и невладини организации се со цел да им помогнеме да ја подобрат вредноста на секој објект и институција.