Пристап

Сег Холдинг е консултантска куќа која разви нов, флексибилен модел на консултантски услуги, преку комбинација од внатрешни и надворешни консултанти. Нашата работа се состои од мобилизација на фондови, стратешко планирање, обуки и консултации, како и истражување и анализи. СЕГ Холдинг работи со клиенти на кои им е потребна нашата поддршка и експертиза преку пристапот “направен по мерка”. Консултантите на СЕГ Холдинг работат деноноќно за да можат да ги исполнат потребите и барањата на нашите клиенти.  

Успешност

СЕГ Холдинг е основана во 2014 година и до сега има преку 400 задоволни клиенти, генерирано за нив преку 14 милиони евра, едуцирано над 500 учесници на обуки и работилници. СЕГ Холдинг во просек развива над 50 проекти годишно, заедно со клиентите, кои исто така добиваат поддршка во спроведувањето на успешните проектиСЕГ Холдинг и консултантите се вклучуваат и во евалуација на ЕУ проектите, а од 2018 година активно работи со централната и локалната власт во изработка на стратегии и акциски планови. 

Вмреженост

СЕГ Холдинг има стратешка соработка и е член на Стопанската комора на северозападна Македонија како и Сојузот на стопанските комори на Македонија, а преку консултантите зема активно учество во Менаџмент консалтинг асоцијацијата МКА 2000.