Консултантската куќа СЕГ Холдинг ја подготвува новата Стратегија за соработка на Град Скопје со граѓанските организации, со Акционен план (за периодот 2019-2021). Стратегијата има за цел да придонесе за унапредување на комуникацијата помеѓу Град Скопје и граѓанските организации, зголемена соработка со и поддршка на граѓанскиот сектор, од што ќе произлезат позитивни резултати за граѓаните.

Во рамките на изработката на новата Стратегија, СЕГ Холдинг, заедно со Секторот за меѓународна соработка и поддршка на здруженија на граѓани и фондации на Градот Скопје, на 25 февруари 2019 година (понеделник), во просториите на НВО центарот на Град Скопје (во Младински културен центар), ќе го одржат првиот консултативен состанок со граѓанските организации на територијата на град Скопје.

Целта на состаноците со граѓанските организации е да се слушнат мислењата на граѓанските организации за соработката со Град Скопје, искуствата од претходниот период, како и да се дадат мислења за нацрт стратешките определби за соработката на Град Скопје со граѓанските организации кои работат на територијата на градот.

Бројот на учесници, во согласност со просторните можности, е ограничено. Затоа, доколку постои интерес за Ваше учество, како и за дополнителни информации, Ве молиме навремено да не известите најдоцна до 22 февруари 2019 година, на следниот е-маил: contact@seg-holding.com.